Во нашата потрага по убавина, косата трпи груби третмани со разни апарати за стилизирање и штетни хемикалии. Од високите температури на фенот до третмани со јаки хемиски средства, овие фактори придонесуваат за губење на виталноста на косата, правејќи ја сува и кршлива.Доколку сакате да имате густа и здрава коса, а да не ги жртвувате стилот и навиките, тогаш овој водич е за вас. Дознајте како повторно да имате здрави прамени!.
Што значи оштетена коса? Влијанието на изборот за стилизирање.
Иако нашата коса природно е издржлива, тоа не значи дека е неуништлива. Главни фактори кои придонесуваат за оштетување на косата се нашите различни навики за нејзино третирање и стилизирање. Високата температура на апаратите ја извлекува влажноста и протеините од влакното, правејќи ја кршлива. Слично на тоа, хемиските процеси, иако прават визуелни промени, истовремено ја нарушуваат структурата на косата. Со тек на време, овие навики водат до ослабена и безживотна коса.
Со грижливо и внимателно третирање до здрава коса!
Иако првично одредени методи за третирање на косата водат до саканиот изглед, по некое време, грубите третмани резултираат со оштетена и нездрава коса. Еве неколку стратегии за оние кои често ја третираат својата коса:
- Намалете ја температурата на апаратите: третирајте ја косата на најниска температура. Секогаш кога имате можност, сушете ја косата природно, без фен.
- Длабинско хидрирање: редовни третмани со кондиционер/балсам ќе ја надоместат изгубената влажност и ќе ја обноват еластичноста на косата.
- Редовно потшишување: редовното потшишување го спречува раздвојувањето на краевите на влакната/„расцветувањето“ и секое понатамошно оштетување.
- Нежно расплеткување/расчешлување: избегнувајте грубо чешлање на косата, користете чешли со широки запци или специјална четка за расплеткување и никогаш не чешлајте водена коса.
Хемиски третирана коса, која ја губи природната влажност, бара уште повеќе нега за да се спречи понатамошната кршливост.
Обновување на сува и оштетена коса
Борбата со сува и кршлива коса започнува со промена на дотогашните навики и со примена на основните постапки. Започнете со нежно миење, потоа продолжете со хидрирање за полесно расплеткување и вклучете третман за длабинско/темелно хидрирање, за да имате целосно здрава коса.
Кои производи да ги користите? Одберете ја линијата за сува и безживотна коса, за да добиете ефикасна, научно поддржана нега:
- започнете со ревитализирчкиот протеински шампон на Revalid за нежно миење и почеток на процесот на обновување на косата.
- продолжете со ревитализирачкиот протеински балсам на Revalid: за расплеткување и понатамошна хидратација.
- Нанесувајте Revalid тоник за коса секој ден: го поттикнува растот и ја штити косата од надворешни влијанија.
- Применувајте неделни третмани со Revalid маската за обновување: за длабинска хидратација и оживување на косата.
Започнете со навика која ќе направи рамнотежа на вашиот личен стил и здравјето на вашата коса. Со Revalid дадете сѝ приоритет на грижата за себе, и уживајте во здраваи витална коса, која ќе го потврди вашиот уникатен стил.