МАГАЗИН

ВАШАТА КОСА: НЕКА СЈАЕ НА СОНЦЕТО, НО НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ТОА ДА ЈА ОШТЕТИ

 

Косата е многу важна за самодовербата, прави да се чувствуваме динамични и млади. А сега, бидејќи имаме решение за тоа, важно е и да го примениме! Мораме да ја подигнеме свеста дека опаѓањето на косата не е судбина од која нема бегање.
Проф. др мед. Северин Лохли
 

За да спречиме предвремено стареење на кожата, во дневната рутина мора да вклучиме паметна нега за спречување на стареењето на косата и фоликулите. Нашиот скалп е составен само од кожа, а негата и заштитата на кожата се клучен фактор за успешно спречување на стареењето. Може да се каже дека скалпот е почвата на која растат корените на нашата коса. Исто како што на цвеќињата им се потребни здрави корени за да цветаат, така и за цврстата и прекрасна коса се потребни здрави фоликули.

Во второто од овие две изданија за нега на косата, дерматологот проф. д-р. мед. Северин Лохли (од Dermacenter, Цирих) ги објаснува најефективните начини за нега на косата. За добро негуваната дама да може да ја заштити својата коса. За свеж изглед, самодоверба и добросостојба во своите зрели години.

Проф. др Северин Лохли

Во минатото издание на Совети за нега на косата ни го објаснивте процесот на стареење на кожата и косата, како и ефективните начини да се забави стареењето. Го спомнавте УВ-зрачењето како еден од главните поттикнувачи за стареењето на косата. Како можеме да ги заштитиме скалпот и косата?

Д-р Лохли:Накратко, секој фактор што предизвикува оксидативен стрес – на пример, УВ-зрачењето, нездравиот начин на живеење, загадувањето во опкружувањето, итн. – ги ослабува и оштетува фоликулите на клеточното ниво. Се намалува производството на меланин, фазите на создавање влакна се пократки, што резултира со потенка, послаба, помалку пигментирана коса што побелува. Колку повеќе скалпот и косата се изложени на стрес фактори толку порано почнува стареењето на косата.

Затоа, во негата за спречување на стареењето на косата мора да вклучиме заштита од оксидативните стресори за да се забави процесот на стареење. УВ-зрачењето е главен поттикнувач на клеточното оштетување на кожата, скалпот и фоликулите во косата предизвикано од оксидативниот стрес. Покрај тоа, УВ-зрачењето директно го оштетува влакното денатурирајќи ги протеините. Да појаснам, ефикасната заштита од УВ-зрачењето е задолжителна при секоја прошетка на пролетното и летното сонце.

 

Дали има други важни фактори за заштита од стареењето на косата, покрај заштитата од УВ-зрачење?

Хидратантните средства се важни за поддршка на фината природна рамнотежа на микробиомот на скалпот. Неурамнотежен микробиом може да предизвика ширење на дерматофити или други проинфламаторни микроби. Локалните – и системски – воспалителни процеси повторно предизвикуваат оксидативен стрес и клеточно оштетување. Со применување правилна хидратантна нега на косата и скалпот можеме да го поддржиме здравиот липиден и микробиомски баланс на кожата и да го забавиме процесот на стареење.

 

Колку може да биде ефикасна висококвалитетната нега против стареењето на коса?

Сигурно е можно да се постигне голем ефект врз стареењето на скалпот и косата, доколку се преземат правилни, насочени мерки. Повторувам: заштитата од УВ-зрачењето и правилното количество хидратација се клучни фактори за успешна нега против стареењето на косата и скалпот. Покрај тоа, важни се и антиоксидативните и антиинфламаторните агенси. Тоа го знаеме од резултатите забележани по користењето на производи против стареење на кожата. Ако кожата, скалпот се здрави, тогаш стареењето на косата се забавува и подолго време ќе имаме волуменозна, сјајна, густа коса.

За да постигнете најдобри резултати, мора да користите конкретно наменети производи, како шампони и средства за хидратација. Производите мора да ги користите правилно, на пр., со придржување до времето за нанесување шампон или до препораките за дозирање на средствата за хидратација. На крајот, но не и најмалку важно, не е доволно овие производи да ги користите само еднаш. Како и кај негата на кожата, дневната рутина е клучна во негата на косата против стареењето.

 

Дали во вашата дерматолошка ординација ве консултираат пациентите поради проретчена коса? Колку е важна убавата и здрава коса за вашите пациенти?

Пациентите навистина се загрижуваат доколку забележат проретчена коса, особено жените. Опаѓањето на косата им претставува голема грижа на моите пациенти. Повеќето од нив мислат дека тоа е последица на болести или на хормонален дисбаланс, а не на стареење. Тие не се свесни дека стареењето е природен процес. Последователно, не знаат ни дека косата и скалпот стареат. Дури ни во медицинските истражувања не се обрнуваше многу внимание на темата стареење на косата, сè до неодамна. Имаме големо познавање за специфичните дерматолошки состојби на скалпот или влијанието на хормоните врз квалитетот на косата. Истражувањето за стареењето на косата е ново поле, нов тренд.

Надежни сме дека ова ќе го затвори огромниот јаз меѓу фокусот на научниците и животот на пациентите. Опаѓањето на косата е често поголема грижа за моите пациенти – главно жени, но и мажи – отколку другите видливи знаци за стареење. Изгледот на косата е многу важен, често многу позначаен од изгледот на кожата.

 

Дали сакате да ни дадете некој совет?

Косата е многу важна за самодовербата, прави да се чувствуваме динамични и млади. А сега, бидејќи имаме решение за тоа, важно е и да го примениме! Мораме да ја подигнеме свеста дека опаѓањето на косата не е судбина од која нема бегање.

Накратко, со неколку приспособувања, добрата нега за спречување на стареењето на кожата, може да спречи и стареење на косата: комбинација од заштита од УВ-зрачење, правилна количина хидратација, како и висококвалитетни антиоксидативни и антивоспалителни состојки.

Во здравството, обично е полесно да се спречи болеста отколку да се лечи. Ова е исто и кај заштитата од предвременото стареење: видете поубаво и размислете да вметнете нега за заштита од стареење на косата и скалпот во својата дневна рутина пред да започне стареењето на косата. Но, не очајувајте доколку не сте биле свесни за оваа опција. Никогаш не е доцна да изгледате безвременски елегантно и силно.

Дознајте повеќе за квалитетната и иновативна нега за заштита од предвремено стареење на кожа и скалп тука: www.revalid.mk